Достапни линкови

Во сообраќајна несреќа загина заменик премиерот на Киргистан


Архива - Темир Џумакадиров.

Заменик премиерот на Киргистан загина откако возилото во кое се возел се судрило со камион на автопат во земјата. 38-годишниот Темир Џумакадиров починал од здобиените повреди од денешната несреќа, која се случи западно од главниот град Бишкек, потврди за Радио Слободна Европа владата на Киргистан. Исто така во несреќата загинаа неговиот асистент и возачот.

Џумакадиров бил задолжен од страна на премиерот Сапар Исаков да ги надгледува подготовките за претседателските избори на 15 октомври, на кои треба да биде избран наследник на претседателот во заминување Алмазбег Атамбаев.

Во времето на насреќата Џумакадиров наводно патувал во северозападниот регион Талас, за да ги провери гласачките места пред изборите. Во Киргистан стапката на загинати во сообраќајни несреќе е една од највисоките меѓу земјите од поранешниот Советски сојуз и Европа.

XS
SM
MD
LG