Достапни линкови

Расте бројот на загинатаи од нападот на храм во Пакистан


Жртви од нападот на храмот во Пакистан.

Пакистанската полиција соопшти дека бројот на жртвите од самоубиствениот напад во суфискиот храм во југозападот на земјата се зголемил на 24 лица, откако четири жртви починале во болница во текот на ноќта.

Нападот се случи на 5 октомври во областа Џал Магси која се наоѓа на околу 300 километри источно од главниот град на провинцијата Балочистан, Квета.

Повеќе од 20 повредени се уште добиваат медицинска помош, а некои од нив се во критична состојба, изјави денеска високиот полициски офицер Мохамед Икбал.

Екстремистичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот. Во 2005 година се случи напад врз истиот храм, кога загинаа 35 лица.

XS
SM
MD
LG