Достапни линкови

Почнува грејната сезона во Скопје


Регулаторна комисија за енергетика.

На граѓаните на Скопје кои се приклучени на системот за централно греење од денеска ќе им се испорачува топлинска енергија во нивните домови, потврдуваат од БЕГ и ЕЛЕМ Енергетика. Оттаму прецизираат дека Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) дала одобрение за старт на грејната сезона пред вообичаениот почеток на 15 октомври поради најавениот пад на температурите.

Законот предвидува почеток на грејната сезона пред 15 октомври доколку податоците на УХМР прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 степени целзиусови, но не и пред 1 октомври.

XS
SM
MD
LG