Достапни линкови

Времето денеска студено со врнежи од дожд


Архива - Пешаци и автомобили по дождливото претпладне на улиците на Скопје.

Времето во Македонија ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, над 20 литри на м2, претежно во западните и северните делови. На планините над 1500 метри надморска височина ќе има врнежи од снег. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер, на моменти до 70 километри на час. Утринската температура ќе се движи од шест до 15, а дневната температура од осум до 16 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд, а повремено интензитетот на врнежите ќе се засилува. Ке дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од девет до 10 степени.

XS
SM
MD
LG