Достапни линкови

Кривична пријава за градоначалникот на Берово


Драги Наџински, градоначалник на Берово

СВР Штип поднесе кривична пријава за градоначалникот на Берово Драги Наџински поради злоупотреба на службена положба, односно поради тоа што без решенија и без патни налози го користел возилото на општината за сопствени потреби.

Пријавениот од 1 јули 2015 до 1 јули 2017 година во повеќе наврати ја искористил службената положба и овластување, користејќи го службеното патничко возило, сопственост на општината, без да обезбеди Решение за службено патување во странство од надлежен орган од општината, како и без патни налози и без покани за службено патување во странство. Тој вкупно во 32 наврати за свои лични потреби и за потребите на други физички лица, кои ги превезувал со службеното возило, причинил штета на Општина Берово која дополнително ќе биде утврдена, вели полицијата.

XS
SM
MD
LG