Достапни линкови

Димнa бомбa во украинскиот парламент


UKRAINE -- A lawmaker tries to get out a burning smoke bomb from Parliament's session hall, in Kyiv, October 6, 2017

Димнa бомбa фрленa во украинскиот парламент ја прекинаа денешната дебата за законите поврзани со конфликтот на истокот на земјата. Сепак, и покрај прекинот, пратениците ги изгласаа предлозите на претседателот Петро Порошенко во прво читање.

Едниот закон се однесува на враќање на суверенитетот врз делови од регионот Доњецк и Луганск, а другиот е за создавање „услови за мирно решавање“ на конфликтот.

Пред гласање во Врховната Рада, почна кошкање меѓу опозициските и пратениците од владејачкото мнозинство, по што Јуриј Левченко од националистичката партија Слобода фрли димна бомба, велејќи дека се противи на противуставните постапки.

Првиот закон му дава право на претседателот да ги користи вооружените сили за да ја врати контролата врз „привремено окупираните“ територии, а активностите на Москва ги дефинира како „руската агресија против Украина“.

Вториот закон го продолжува за една година Законот за самоуправни структури во сепаратистичките области. Дел од пратениците велат дека тоа им дава правен статус на сепаратистичките бунтовници.

XS
SM
MD
LG