Достапни линкови

Обвинетиот Ангелов се изјасни за виновен за нападот врз Шеќеринска


За виновен се изјасни обвинетиот за напад на тогашната пратеничка Радмила Шеќеринска, а сегашна министерка за одбрана, за време на крвавите настани во Собранието на 27 април. Во Основниот суд Скопје на денешното судење обвинетиот Панче Ангелов изјави дека се чувствува виновно за кривичното дело што е наведено во обвинителниот акт.

Тој е еден од напаѓачите, кои за време на насилството во Собранието ја повлече за коса Шеќеринска, откако беше удрена со метален статив по глава.

Во обвинението се истакнува дека Ангелов бил во првата група која влегла во Собранието и заедно со најсилните и најнасилните луѓе се упатил директно во прес-салата. Најпрво му упатил закани на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, потоа ја нападнал Шеќеринска, а фрлил и шише кон други пратеници. И двајцата се здобиле со тешки телесни повреди.

XS
SM
MD
LG