Достапни линкови

ОН: над 8 илјади деца жртви во воени конфликти лани


деца во Авганистан

Во новиот извештај на Обединетите нации се наведува дека во минатата година повеќе од 8.000 деца биле убиени или повредени во вооружени конфликти низ целиот свет, број што генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го нарече „неприфатлив“. Најмногу во Авганистан каде што биле убиени или ранети над три ипол илјади деца, што е за 24 отсто повеќе од претходната година. Во Сирија бројката изнесува скоро 1.300, а во Јемен 1.340. Во извештајот исто така се наведува дека стотици деца биле жртви на сексуално насилство или регрутирани како војници.

XS
SM
MD
LG