Достапни линкови

Четворица осомничени за лажните повици за поставени бомби во Русија


Четворица осомничени за лажните повици за поставени бомби во Русија

Шефот на руската Федерална служба за безбедност Александар Бортников изјави дека биле идентификувани четворица руски граѓани под сомневање дека го организирале бранот анонимни јавувања за бомбашки напади што доведе до масовни евакуации во земјата. Бортников додаде дека осомничените не живееле во Русија, но оти имале свои соработници во земјата. Тој не го соопшти идентитетот на осомничените ниту ги опиша мотивите зад анонмините закани, но наведе дека економската штета од масовните евакуации изнесувала над 5 милиони долари само во првите неколку денови. Анонимните повици продолжија неколку недели.

XS
SM
MD
LG