Достапни линкови

Трамп: Иран не живее според духот на нуклеарниот договор


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран на живее според „духот“ на нуклеарниот договор со светските сили. Тој ова го рече на состанок со воени претставници во Белата куќа, десетина дена пред истекот на крајниот рок да реши дали Иран го спроведува овој договор. „Мора да не му дозволиме на Иран да дојде до нуклеарно оружје“ изјави Трамп, додавајќи дека иранскиот режим поддржува тероризам и извезува насилство, крвопролевање и јхаос на Блискиот Исток.

XS
SM
MD
LG