Достапни линкови

Денеска ќе биде соопштен добитникот на Нобеловата награда за мир


дел од учесниците на преговорите за договорот со Иран околу неговата нуклеарна програма

Во Осло денеска ќе биде соопштено името на добитникот на Нобеловата награда за мир која во минатата година ја освои колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос за напорите за постигнување мировна спогодба со бунтовниците. Новинските агенции пренесуваат дека биле пријавени 318 кандидати. Според Франс прес, кружеле гласини дека годинашната награда би можело да им биде посветена на напорите против ширењето на нуклеарното оружје во светлината на кризата со Северна Кореја. Се наведува и дека наградата би можело да ја добијат поранешниот американски државен секретар Џон Кери, шефот на иранската дипломатија Махмуд Џавад Зариф и еврокомесарката Федерика Могерини.

XS
SM
MD
LG