Достапни линкови

Времето денеска: претпладне сончево, попладне облачно


Во Македонија претпладне сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Попладне со зголемена облачност, а во вечерните часови со зголемената облачност во западните и северните делови ќе има локален дожд. Врнежите во текот на ноќта ќе се прошират кон централните делови. Ќе дува умерен ветер од јужен и југозападен правец, кој во вечерните часови ќе го промени правецот во северен и ќе засилува. Утринската темпераута ќе се движи од два до 10 степени, а дневната од 22 до 28 степени. Во Скопје претпладне сончево, а од пладне со зголемена облачност. Во вечерните часови со зголемената облачност ќе има појава на локален дожд. Врнежите во текот на ноќта ќе се почести. Температурата ќе се движи од осум до 26 степени.

XS
SM
MD
LG