Достапни линкови

Спасовски: Нема најави за зголемување на бројот на мигранти


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Нема никакви најави дека ќе се зголеми бројот на мигранти или ќе проработи Западно балканската рута, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по завршувањето на средбата на министрите за внатрешни работи и министрите за надворешни работи на Македонија, Грција, Албанија и Бугарија што се одржа во Солун.

" На средбата дискутиравме за глобалните предизвици коишто се однесуваат на безбедноста на нашите држави и на регионот. Пред се организираниот криминал, трговијата со луѓе, дрога и бегалската криза. Од исклучителна важност за нас е да имаме размена на информации, и соработка и на полето на борбата против тероризмот и насилниот екстремизам, бидејќи тоа е глобален предизвик кој бара вземно вклучување и решенија во делот на превенцијата, но и во делот на репресијата", рече Спасовски.

Договорено е да има шестмесечни средби на кои ќе се разговара за овие теми и да се воспостави контакт на ниво на директори и на пониските структури во полициите

На маргините на состанокот, министерот Спасовски остварил средба со Никос Тоскас, алтернативен министер за внатрешни работи надлежен за јавниот ред со кого разговарал за соработката во справувањето со безбедносните предизвици, со посебен акцент на проблемот со мигрантите.

XS
SM
MD
LG