Достапни линкови

Путин и Саудискиот крал на разговори во Москва


Рускиот претседател Владимир Путин и кралот на Саудиска Арабија Салман

Рускиот претседател Владимир Путин и кралот на Саудиска Арабија Салман започнаа разговори во Москва.

"Сигурен сум дека вашата посета ќе ги зајакне врските меѓу нашите земји", рече Путин кој го поздрави владеачкиот саудикси монарх во Кремљ "Наша цел е да ги зајакнеме нашите односи во интерес на мирот и безбедноста и во интерес на развојот на светската економија ", изјави саудискиот монарх.

Лидерите на двете најголеми светски земји за извоз на нафта се очекува да разговараат за енергетските прашања, вклучително и напорите за зголемување на цената на суровата нафта, како и за разликите на земјите околу Сирија и Иран. Саудиска Арабија ги поддржува бунтовниците кои се поддржани од САД во борбата против владата на сирискиот претседател Башар ал Асад, додека руските трупи и иранските милиции го поддржаа Асад во шестгодишната граѓанска војна во земјата. Дел од темите на разговорите се и потенцијалните инвестициски договори, вклучувајќи го и инвестицискиот фонд од 1 милијарда долари, проектот за течен природен гас и петрохемиските постројки. Рускиот деловен дневен весник Комерсант објави дека Путин и Салман, исто така, треба да разговараат за договор за снабдување на Ријад со ракетните системи С-400 за противвоздушна одбрана.

XS
SM
MD
LG