Достапни линкови

Коѕијас: Да ги решаваме проблемите, да не се плашиме од компромиси


Разговорите за решавањето на спорот за името не се фокусираат на идентитетот, изјави денеска во Солун шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, одговарајќи на новинарско прашање дали на брифинг со грчките новинари по средбите во Њујорк изјавил дека се преговара и за идентитетот, и за јазикот и за нацијата.

"Го кажав тоа што го мислев. Се надевам дека во некој момент ќе има содржајни разговори за името и за сè што е поврзано со него. Никогаш не сум зборувал дека тоа е поврзано со јазикот или со што било друго. Можете да ги прашате новинарите кои зборувале и ви го пренеле тоа" рече Коѕиас

Коѕијас, претходно денеска, во Солун имаше средба со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, на која разговарале за нови форми на соработка.

Во контекст на денешниот состанок на минстрите од Грција, Македонија, Бугарија и Албанија, Коѕијас истакна дека Атина ќе даде поддршка за повеќето земји за членство во ЕУ, како и поддршка за содвање мрежа за соработка.

"Треба да сме подготвени на компромиси и да не се плашиме. Треба да ги решаваме проблемите", рече Коѕијас.

Во обраќањето на прес-конференцијата во Солун тој нагласи дека иднината на ЕУ е во аеднички интерес и во интерес перспективата на регионот и оти земјите кандидати за членство во ЕУ во следната фаза на пристапување ќе добијат средства наменети за Југоисточна Европа.

XS
SM
MD
LG