Достапни линкови

Казуо Ишигуро - добитник на Нобеловата награда за литература


Британскиот писател Казуо Ишигуро

Британскиот писател Казуо Ишигуро е годинашниот добитник на Нобеловата награда за литература за неговите дела „со голема емоционална сила“, соопшти денеска Шведската кралска академија.

Ишигуро, кој е најпознат во неговиот роман „Остатоците од денот“ од 1989, ќе добие парична награда од 9 милиони шведски круни, или околу 1,1 милиони американски долари.

Писателот е роден во јапонскиот град Нагасаки во 1954 година и како дете се преселил во Велика Британија.

XS
SM
MD
LG