Достапни линкови

САД - Загрижени сме поради апсење на наш службеник во Конзулатот во Истанбул


Американската амбасада во Анкара

САД соопштија дека се „длабоко загрижени“ поради апсењето на службеник од американскиот Конзулат во Истанбул, се наведува во соопштение од Амбасадата на САД во Турција.

Службеникот е турски државјанин и втор кој е уапсен во Турција оваа година.

Амбасадата смета дека тврдењата против службеникот се „целосно неосновани“.

Според соопштението, протекувањето информации од владини извори „очевидно е насочено кон медиумско судење на службеникот, отколку во суд“.

Амбасадата ја истакнува улогата што ја имаат локалните службеници во градењето соработка меѓу двете земји.

„Неосновани, анонимни тврдења против нашите службеници го поткопуваат и девалвираат ова долгогодишно пријателство“, се наведува на крајот од соопштението.

Турската новинска агенција Анадолија претходно јави дека турските власти уапсиле службеник на американскиот конзулат во Истанбул поради наводни врски со движењето на Фетула Ѓулен. Тој се сомничи за шпионажа и обид за соборување на турската влада.

XS
SM
MD
LG