Достапни линкови

Ердоган: Турција, Иран и Ирак заедно ќе одлучат за блокада на нафтата од Ирачки Курдистан


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турција, Иран и Ирак заедно ќе одлучат дали да го блокираат нафтоводот од Ирачки Курдистан, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на средба со новинарите по посетата на Иран.

Ердоган информира дека трите земји формираа заеднички механизам за дејствување по референдумот на 25 септември, на кој ирачките Курди се изјаснија за независност на Ирачки Курдистан.

Турција и Иран користат курдска нафта, што поминува низ нивната територија и се извезува.

По референдумот во Северен Ирак, Анкара соопшти дека ќе воведе санкции против Ербил.

Прекинувањето на нафтата од нафтоводот Киркук-Џејхан е една од можните контрамерки.

XS
SM
MD
LG