Достапни линкови

Макрон се нуди да посредува меѓу Ирак и Курдите


Ирачкиот премиер Хајдар ал-Абади и францускиот претседател Емануел Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон се понуди да посредува меѓу ирачката влада и Курдите по минатомесечниот референдум за независност на курдскиот регион. Макрон му го изнел овој предлог на ирачкиот премиер Хајдар ал-Абади на нивната денешна средба во Париз, на која разговарале за француската поддршка во борбата против Исламската држава и за обновата на ирачката економија.

Ирак бара поништување на референдумот од 25 септември, на кој речиси 93 проценти од оние што излегоа на гласање, гласале за независност.

Макрон рече дека Франција ја поддржува стабилноста и територијалниот интегритет на Ирак и изрази загриженост за состојбата на Курдите во Ирак по референдумот. Тој инсистира на важноста од „национално помирување и инклузивно владеење“ што ги вклучува и Курдите „со кои Франција одржува блиски односи“.

Макрон рече дека дијалогот е „единствениот пат“ и дека „Франција е подготвена активно да придонесе во медијацијата“.

XS
SM
MD
LG