Достапни линкови

Ирански нуклеарен преговарач осуден за шпионажа


Абдолрасул Дори Есфахани

Член од иранскиот преговарачки тим за нуклеарната програма е осуден на пет години затвор за шпионажа, јавуваат иранските медиуми. Полуофицијалната новинска агенција Тасним не го објави името на осудениот, но единствен член на преговарачкиот тим кој го постигна нуклеарниот договор со светските сили во 2015, а против кого има обвинение е Абдолрасул Дори Есфахани. Тој има иранско и канадско државјанство.

Тој беше вклучен во банкарските аспекти од преговорите со кои се ограничи иранската нуклеарна програма во замена за олеснување на меѓународните санкции и беше обвинет дека им ги „продавал економските податоци за земјата на странци“.

Новинската агенција Тасним се смета за блиска до радикалната Исламска гарда.

XS
SM
MD
LG