Достапни линкови

Амнести интернешнал ги критикува владите во Европа за мигрантите


Авганистански бегалци депортирани од Германија пристигнуваат на меѓународниот аеродром во Кабул, 13 септември 2017 година

Амнести интернешнал соопшти дека илјадници Авганистанци се во опасност откако европските влади ги принудуваат да се вратат дома каде што се соочуваат со кршење на човековите права, вклучувајќи тортура, киднапирања и смрт. Во извештајот ваквата политика на европските влади се оценува како „безобразно кршење на меѓународното право“. Притоа се нагласува дека голем дел од оние што биле принудени да се вратат дома од Норвешка, Шведска, Холандија и Германија биле убиени или живееле во постојан страв за нивниот живот.

XS
SM
MD
LG