Достапни линкови

Путин се уште не знае дали повторно ќе се кандидира


Претседателот на Русија Владимир Путин

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека до крајот на годинава ќе реши дали повторно ќе се кандидира за уште еден мандат. Путин кој има поддршка на 80 насто од граѓаните и покрај економските тешкотии во Русија, изјави дека се уште не решил дали ќе влезе во трката за уште еден шестгодишен мандат на изборите во март идната година. Најпопуларниот руски опозициски лидер Алексеј Навални објави дека има намера да се кандидира, но неговото учество на изборите го оневозможува кривичната судска пресуда за која тој тврди дека е политички мотивирана. Навални во 2013 година е осуден за проневера на околу 236 илјади евра.

XS
SM
MD
LG