Достапни линкови

Косово го одложи предавањето на барањето за УНЕСКО


Мапа на Косово, Приштина

Косово го одложи предавањето на барањето за членство во Организацијата на ОН за образование, наука и култура УНЕСКО, соопшти косовското Министерство за надворешни работи. „Прагматичната одлука за одлагање на членството на Косово во Интерпол и УНЕСКО се базира врз целосна и блиска координација со САД и другите сојузници“, се наведува во соопштението во кое се оценува дека одлагањето придонесува за јакнење на меѓународната позиција на Косово и за промоција на мирот во регионот. Во соопштението, што го пренесува српската новинска агенција Бета, се додава дека Косово досега стана член на над 80 регионални, европски и светски организации.

XS
SM
MD
LG