Достапни линкови

Каталонија ќе прогласи независност на 9 октомври


претседателот на Каталонија Карлес Пучдемон

Каталонските лидери соопштија дека ќе прогласат независност од Шпанија на 9 октомври, откако Мадрид го одби барањето на претседателот на Каталонија за посредство во решавањето на кризата. Најавено е дека декларацијата ќе следува по седницата на парламентот на Каталонија на која треба да биде потврден резултатот од референдумот за независност што Мадрид го прогласи за незаконски. Претходно шпанската влада го одби повикот на каталонскиот лидер Карлес Пучдемон да прифати посредување во кризата. „Доколку господин Пучдемон сака да разговара и преговара или да испрати посредници, добро знае што треба да направи, да се врати на патот на законот кој никогаш не требаше да го напушти“, соопшти владата во Мадрид. Пучдемон пак оцени дека шпанската влада е неодговорна поради одбивањето на посредството во решавањето на кризата.

XS
SM
MD
LG