Достапни линкови

Доживотен затвор за 34 луѓе во Турција поради обидот за пуч


Протест против уапсените војници кои учествуваа во неуспешниот обид за воен удар во Турција пред затворот Синчан на 1 август 2017

Турскиот суд денеска изрече доживотна затворска казна за 34 лица кои се обвинети за обид за убиство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на минатогодишниот обид за државен удар.

Меѓу 34 осудени е и поранешниот генерал Гокхан Сахин Сонмезатес, кој е обвиен за организирање на заговорот.

Припадниците на турските безбедносни сили на 15 јули минатата година се обидоа со воен удар да ја преземат контролата над Турција.

За неуспешниот пуч беше обвинет исламистичкиот проповедник Фетула Ѓулен, кој живее во САД и неговата организација ФЕТО.

Досега за обидот за државниот удар се уапсени околу 50 илјади лица, додека 150 илјади вработени во јавниот сектор, меѓу кои и професори, судии и војници, беа суспендирани.

XS
SM
MD
LG