Достапни линкови

Нобеловата награда за хемија за развојот на криоелектронската микроскопија


Добитниците на Нобелова награда за хемија

Научниците Жак Дубоше, Јоаким Франк и Ричард Хендерсон се добитници на годинашната Нобелова награда за хемија за развојот на криоелектронската микроскопија, информира денеска Шведската кралска академија на науките и уметностите.

Таканаречениот „ладен метод“ осмислен од тројцата научници ја поедноставува и подобрува сликата на биомолекулите, наведува академијата.

„Методот ја помести биохемијата во нова ера“, се наведува во соопштението.

Тројцата треба да поделат награда од 9 милиони шведски круни, односно околу 1,1 милиони евра.

„Истражувачите сега може да замрзнат молекули во сред движење и да ги визуелизираат процесите што никогаш претходно не ги виделе, што е клучно за основно разбирање на хемијата на животот и за развојот на лекови“, наведува академијата.

Дубоше е Швајцарец, Франк е американски државјанин со германско потекло, а Хендерсон е Британец.

XS
SM
MD
LG