Достапни линкови

Марковиќ - Прашањето за демаркација со Косово е завршено


Црногорскиот премиер Душко Марковиќ

Црногорскиот премиер Душко Марковиќ изјави дека има разбирање за „внатрешните околности и предизвици со кои се соочува Косово“, но дека „границата е дефинирана“ за што се преговарало од 2012 до 2015 година.

„Тоа прашање за Подгорица е завршено“, нагласи тој.

Марковиќ во изјава за Радио Црна Гора вели дека Договорот за демаркација е потпишан со сите придружни документи и дека тоа повеќе не може да биде тема на преговори.

Црногорскиот премиер очекува косовските власти одговорно и ажурно да се однесуваат за прашањето за ратификација на Договорот за демаркација на Црна Гора и Косово.

XS
SM
MD
LG