Достапни линкови

Руската војска вели дека убила команданти и го ранила лидерот на Ал Нусра


Борци од Фронтот Ал-Нусра во Сирија

Во руски воздушни напади во Сирија биле убиени 12 команданти на Фронтот Ал-Нусра, а лидерот на организацијата бил тешко ранет, соопшти вчера руското Министерство за одбрана. Портпаролот на министерството Игор Конашенков соопшти дека нападот почнал кога руското воено разузнавање добила информација за времето и местото на состанокот на лидерите на Ал-Нусра, меѓу кои и нивниот водач Абу Мухамед ал-Голани.

Јабат ал-Нусра или Фронтот Ал-Нусра е милитантна организација, која се опишува како сириски огранок на Ал Каеда. Минатата година го отфрли статусот огранок на Ал Каеда и се преименува во Фатех ал-Шам фронт, а од годинава е дел од коалицијата на милитантни фракции наречена Хајат Тахрир ал-Шам.

Конешников вели дека од неколку независни извори потврдиле дека ал-Голани има бројни рани од шрапнели, изгубил рака и е во критична состојба. Тој рече дека во нападот загинале и 12 команданти и околу 50 борци, но овие информации не може да бидат потврдени од независни извори.

Русија го поддржува сирискиот лидер Башар ал-Асад и воено се вклучи за да му помогне во шестгодишната граѓанска војна.

XS
SM
MD
LG