Достапни линкови

Четворица турски војници загинаа во експлозија на бомба


Илустрација: Воена вежба на турската војска

Четворица турски војници загинаа, а четворица други се ранетиво експлозија на бомба која го уништи нивното воено возило во близина на границата со Иран во југоисточна Турција, информираат локалните власти. Провинцискиот гувернер соопшти дека зад нападот стојат милитантите од Курдската работничка партија(ПКК).

Повеќе од 40 илјади луѓе загинаа од 1984 година кога ПКК го почна својот сепаратистички бунт. Турција, САД и ЕУ ја сметаат ПКК како терористичка организација.

По пропаѓањето на мировните преговори меѓу ПКК и турската влада во 2015 година беше ставен крај и на прекинот на огнот. Илјадници луѓе беа убиени оттогаш во обновените борби низ доминантно курдскиот дел од југоисточна Турција.

XS
SM
MD
LG