Достапни линкови

ДУИ ја поздрави одлуката на обвинителството за случајот „Монструм“


Архивска фотографија: Пратеникот на ДУИ Артан Груби

Пратеникот Артан Груби од ДУИ денеска ја поздрави одлуката на Јавното обвинителство да побара укинување пресудата во случајот „Монструм“.

„Со разрешувањето на Јавниот обвинител Марко Зврлевски владеењето на правото ја добива својата форма во Република Македонија. ДУИ ја поздравува вчерашната одлука на Јавното обвинителство за укинување на првостепената и на второстепената одлука на Основниот и на Апелациониот суд во случајот „Монструм“ и ова е единствената правична одлука што можеше да ја донесе Јавното обвинителство“, истакна Груби на прес-конференцијата во ДУИ.

Порача дека тие го охрабруваат Врховниот суд да ја донесе одлуката за повторно судење на овој, како што го нарече, контекстиран судски спор.

„При таа одлука се надеваме дека истовремено Врховниот суд ќе донесе одлука за целосно ослободување на луѓето кои се во затвор за овој случај“, рече Груби и додаде дека процесот на преиспитување на некои одлуки треба да продолжи и со случаите „Диво Насеље“ и „Сопот“.

XS
SM
MD
LG