Достапни линкови

Борисов, Заев и Рама на средба со Светска банка за Коридорот 8


Архивска фотографија: Премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов во Скопје

Премиерите на Бугарија, Македонија и на Албанија до крајот на годинава ќе имаат средба со претставници на Светска банка за изнаоѓање финансиски модел за изградба на Коридорот 8, најави денеска претседателот на бугарската Влада, Бојко Борисов.

„Во декември договараме средба со Светска банка за изградба на Коридорот 8 на која ќе присуствуваат и премиерите на Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама“, изјави Борисов на прес-конференција во Варна.

Според Борисов, на средбата ќе се бара модел за финансирање на патната и железничката врска, што треба да ги поврзе трите држави.

XS
SM
MD
LG