Достапни линкови

Ципрас - Заедничката иднина на Балканот не може да се гради врз национализам


грчкиот премиер Алексис Ципрас, српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерите на Бугарија и Романија, Бојко Борисов и Михај Тудосе на средба во Варна на 3 октомври

Нашата заедничка иднина на Балканот не може да се гради врз национализам, како што за жал се случи во минатото или врз плановите на трети страни за нашиот регион, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас по вчерашниот квадрилатерален самит во Варна со премиерите на Бугарија и Романија, Бојко Борисов и Михај Тудосе и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Самитот во Варна беше уште еден чекор во соработката меѓу четирите земји во областа на економијата, енергетиката, безбедноста и бегалската криза.

На средбата е прифатен предлогот на Грција за одржување на Самит на Европската унија и Западен Балкан за време на бугарското претседателство со ЕУ во првата половина од 2018 година.

Четворицата лидери се согласија дека следниот самит ќе се одржи во Белград.

XS
SM
MD
LG