Достапни линкови

Мадуро пристигна во посета на Москва


Архивска фотографија: Претседателот на Венецуела Николас Мадуро и претседателот на Русија Владимир Путин во Техеран во ноември 2015

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро пристигна во Москва, каде што се очекува да се сретне со претседателот Владимир Путин. Мадуро, чија влада е под голем притисок од протестите дома, но и од западните влади на меѓународен план, кои го обвинуваат дека станува се поавторитарен, учествува на конференција на Руската недела на енергијата.

Кремљ претходно соопшти дека Путин денеска ќе се сретне со Мадуро, со кого ќе разговара за „развојот на стратешкото партнерство меѓу двете земји во различни области“, како и за меѓународни и регионални прашања.

Пред да замине во Москва, Мадуро соопшти дека на 5 октомври ќе ја посети и Белорусија, од каде што ќе отпатува во Турција каде што ќе претседава со меѓувладина комисија која ќе се фокусира на „зајакнување на билатералната финансиска соработка, енергијата, агро-индустријата и на воената сфера“.

XS
SM
MD
LG