Достапни линкови

Бугарија, Грција и Романија со поддршка за членство на Србија во ЕУ


премиерите на Бугарија и на Романија Бојко Борисов и Михаи Тудосе

Премиерите на Бугарија, Грција и Романија изразија поддршка на српскиот обид да и се приклучи на ЕУ, оценувајќи дека таквиот потег ќе го гаратира регионалниот мир. „Сите знаеме дека природно место на Србија е во Европската унија“, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов по самитот со неговите колеги Алексис Ципрас и Михаи Тудосе и претседателот на Србија Александар Вучиќ во Варна. Борисов додаде дека трите земји ќе работат да го забрзаат влезот на Србија во Унијата.

XS
SM
MD
LG