Достапни линкови

ЕУ ќе го мониторира новиот изборен закон во Молдавија


Европската комисија предупреди дека внимателно ќе го следи спроведувањето на новиот контроверзен изборен закон на Молдавија. Комесарот на ЕУ за хуманитарна помош, Христос Стилианидес, во своето обраќање пред Европскиот парламент во Стразбур рече дека сугестиите на правен експерт на Советот на Европа на Венецијанската комисија и на ОБСЕ "не се опфатени со новиот изборен закон".

Предлог-законот за воведување мешан изборен систем беше одобрен од страна на законодавците и преточен во закон од претседателот Игор Додон во јули и покрај масовните протести во Кишињев и критиките од ЕУ и САД.

Новиот закон предвидува половина од пратениците да бидат избрани на партиски листи, а друга половина во поединечни изборни единици.

"Ефектот на овој закон врз повеќепартиската демократија ќе зависи од тоа како се спроведува", изјави Стилианидес, кој говореше во името на шефот за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

Критичарите велат дека изборните промени ги поддржуваат двете најголеми политички партии во Молдавија - владејачката прозападна демократска партија и опозициските проросоцијалисти. Тие велат дека Демократската партија ги иницираше промените во обид да постигне подобар резултат на парламентарните избори во 2018 година, во услови на намалена популарност. Според поддржувачите на законските измени пак, промените ќе ги направат политичарите поодговорни.

XS
SM
MD
LG