Достапни линкови

Египетските власти уапсија 27 хомосексуалци


Египетските власти за една недела уапсиле 27 лица осомничени за хомосексуалност, соопштија безбедносни официјални лица. Во полициска акција пред една недела беа уапсени маж и жена и кон нив е покрената пријава за разврат.

Хомосексуалноста е табу тема меѓу муслиманите и христијаните во Египет, но не е експлицитно забранета со закон. Властите во пракса ги процесуираат поединците за „неморал и разврат“. Последната полициска акција против хомосексуалците беше одговор на кревањето на знамето на ЛГБТ заедницата на еден концерт во Каиро.

Прогонот на хомосексуалците во Египет го осудија меѓународните групи за заштита на човековите права.

XS
SM
MD
LG