Достапни линкови

Почина поранешниот ирачки претседател Талабани


Поранешниот ирачки претседател и курдски лидер Џалал Талабани денеска почина на 83-годишна возраст. Ирачката државна телевизија објави дека Талабани умрел во болница во Германија. Тој претрпе мозочен удар во 2012 година, а истата година подоцна беше пренесен во болницата на лекување.

Талабани беше водач на ветераните во курдската борба за самоопределување, беше избран за претседател во 2005 година, две години по инвазијата предводена од САД, со која го собори диктаторот Садам Хусеин. Тој беше седмиот претседател на Ирак и првиот неарапски претседател во земјата. Талабани се повлече во 2014 година.

XS
SM
MD
LG