Достапни линкови

Тачи: САД ветија посредство во дијалогот меѓу Белград и Приштина


Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска изјави дека американскиот потпретседател Мајк Пенс му ветил оти САД директно ќе се вклучат во преговорите меѓу Белград и Приштина.

“Дојде време за директно вклучување на САД во дијалогот меѓу Косово и Србија. Пенс ја потврди ангажираноста на Белата куќа во тој важен процес,” нагласи Тачи.

Косовскиот претседател констатираше дека вклучувањето на САД ќе му даде ново значење и динамика на дијалогот. Тачи наведе дека, при средбата со Пенс во Вашингтон, тие разговорале и за формирање на косовска војска, што, како што посочи Тачи, ќе биде создадена уште годинава.

“Пенс веднаш ја потврди американската позиција, дека Косово како суверена земја има право да формира вооружени сили и потври дека тие сили ќе бидат модерни и мултиетнички, според стандардите на НАТО,” нагласи Тачи.

Тој додаде и дека Пенс нагласил оти американската aдминистрација инсистира Косово да го реши прашањето на демаркацијата на границата со Црна Гора.

XS
SM
MD
LG