Достапни линкови

Познати добитниците на Нобеловата награда за физика


Американските научници Рајнер Вајс, Бери Бариш и Кип Торн се годинашни добитници на Нобеловата награда за физика за првото непосредно набљудување на гравитационите бранови, соопшти денеска Кралската шведска академија на науките. Тие се наградени за проектот со кој успешно ја потврдија теоријата за релативност на Алберт Ајнштајн во 2015 година, 100 години откако тој ја постави. Тие директно набљудувале судир на две црни дупки, повеќе од 1,3 милијарди години откако се судриле, колку што време им било потребно на брановите да стигнат до земјата. Наградата е во вредност од 9 милиони шведски круни, односно 1,1 милиони долари.

XS
SM
MD
LG