Достапни линкови

Кривичниот суд го прифати обвинителниот акт за „Триста“


Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот суд Скопје 1 Скопје го одби приговорот на одбраната на обвинетиот Ѓоко Поповски во предметот „Триста“ и во целост го прифати обвинителниот акт на СЈО против него.

Советот за оценка на обвинителен акт донесе решение со кое приговорот на одбраната на обвинетиот се одбива како неоснован, а обвинителниот акт се одобрува во целост, соопштија денеска од Судот. Посочуваат дека оценетиот обвинителен акт, согласно АКМИС – системот, електронски ќе биде распореден на судија за понатамошно постапување кој треба да закаже термин за одржување главна расправа по предметот, за што, како што велат, јавноста ќе биде навремено информирана. Ѓоко Поповски, е обвинет дека како помошник министер во МВР ја злоупотребил службената должноост при набавка на 300 полициски возила.

XS
SM
MD
LG