Достапни линкови

Ципрас во Варна на средба со Борисов, Тудосе и Вучиќ


Архивска фотографија: Грчкиот премиер Алексис Ципрас на средба со српскиот претседател Александар Вучиќ во Солун на 13 јули

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска во Варна ќе учествува на самит заедно со премиерите на Бугарија и Романија, Бојко Борисов и Михај Тудосе и со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Денешната средба е продолжение на трилатералниот самит на Грција, Србија и Бугарија, кој беше одржан во Солун во првата половина на јули, на иницијатива на грчката Влада и премиерот Ципрас.

Четворицата лидери ќе разговараат за случувањата на Западен Балкан, за безбедноста и зајакнување на стабилноста, како и за европската перспектива на регионот. Прашањето за европската перспектива на Западен Балкан е особено важно и динамично во пресрет на бугарското претседателство со Советот на ЕУ во првата половина на 2018 година, соопштија извори од кабинетот на Ципрас.

XS
SM
MD
LG