Достапни линкови

Штрајкови и блокади во Каталонија


Протест на пожарникарите во Барселона

Демонстрантите ги блокираа патиштата во главниот град на Каталонија, Барселона, а јавните службеници почнаа штрајк на повик на организациите кои се борат за независност на оваа шпанска провинција. Штрајкот беше најавен откако шпанската полиција насилно се обиде да ги затвори гласачките места за време на референдумот за независност на Каталонија што се одржа во неделата на 1 октомври. Уставниот суд го забрани референдумот.

Протестната акција првично беше најавена како генерален штрајк во целиот регион, но најголемите синдикати во Шпанија ја отфрлија таа идеја.

Вообичаено полните метро станици во Барселона денеска се празни. Демонстрантите ги блокираа главните улици во градот, а сообраќајот на шест големи автопати во регионот е со прекини.

Фудбалскиот клуб Барселона ги прекина тренинзите во поддршка на штрајкот.

Каталонските власти соопштија дека на референдумот гласале 2,2 милиони луѓе и оти 90 отсто од нив ја подржале независноста на Каталонија.

XS
SM
MD
LG