Достапни линкови

Кремљ се надева на подобрување на односите со САД


Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитри Песков

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитри Песков, рече дека Кремљ се надева дека новиот американски амбасадор Џон Хантсман ќе помогне за подобрување на затегнатите односи меѓу Москва и Вашингтон. Тој ова го изјави пред церемонијата на која Хантсман и други амбасадори треба да му ги предадат акредитивните писма на претседателот Путин.

Песков ги обвини САД за нарушувањето на односите, тврдејќи дека Путин верува во поблиска соработка во интерес на двете земји, но и на светот, но оти е „невозможно да се реализираат тие намери самостојно, без партнер“.

Односите меѓу Москва и Вашингтон се нарушени поради големите несогласувања за руската агресија во Украина, Сирија и мешањето во американските претседателски избори во 2016.

На сослушувањето во Сенатот на 19 септември, Хантсман рече дека нема дилема дека Москва се мешала во ланските избори во САД и оти продолжува да се меша во демократските процеси на американските сојузници.

Москва постојано негира дека играла каква било улога за време на кампањата на претседателските избори во САД.

XS
SM
MD
LG