Достапни линкови

Ердоган најави нови санкции за северен Ирак


Tурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турција ќе воведе нови санкции за северен Ирак поради референдумот за независност, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тој рече дека ако Ирачките Курди „не се вразумат“, санкциите ќе продолжат да се заоструваат.

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, пак, рече дека Анката се надева дека Ербил ќе ја напушти идејата за независна држава во северен Ирак.

„Се надевам дека Масуд Барзани (претседател на Ирачки Курдистан) ќе се откаже од овој погрешен чекор. Не е премногу доцна за да го стори тоа“, изјави Чавушоглу за агенцијата Анадолија, додавајќи дека „во спротивно, ќе мора да се преземат мерки“.

Според турскиот министер, референдумот не бил „транспарентен и демократски“.

Референдумот за независност на Ирачки Курдистан се одржа на 25 септември. Повеќе од 90 отсто од бирачите гласаа „да" за независност на оваа автономна покраина во Ирак.

XS
SM
MD
LG