Достапни линкови

Србија подготвува писмо до ЕК во врска со Каталонија и Косово


Српската премиерка Ана Брнабиќ

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека претседателот Александар Вучиќ и Владата подготвуваат писмо за Европската комисија, во кое ќе постават повеќе прашања во врска со ставот на Комисијата дека случаите на Каталонија и на Косово не можат да се споредат. Таа рече дека ќе го предаде писмото за време на нејзината посета на Брисел на 10 и 11 октомври.

Меѓу прашањата содржани во писмото ќе биде и тоа „дали меѓународното право важи за ЕУ или постои некое друго меѓународно право кое важи за сите останати земји кои не се членки на Унијата“.

Претседателот Вучиќ изјави дека ставот на ЕК дека референдумот за независност на Каталонија е нелегален, е најдобар пример за двојните стандарди и лицемерието на светската политика.

Портпаролот на ЕК, Маргаритас Скињас вчера изјави дека Каталонија и Косово не се случаи за споредување.

XS
SM
MD
LG