Достапни линкови

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ го осудија инцидентот во Шуто Оризари


Градоначалникот на Шуто Оризари, Елвис Бајрам, е повреден во тепачка меѓу две групи.

СДСМ го осуди насилството во скопската општина Шуто Оризари во кој вчера е повреден актуелниот и кандидат за градоначалник на оваа општина Елвис Бајрам. Партијата истакнува дека насилството е неприфатливо и апелира до МВР и надлежните институции да го расчистат случајот. СДСМ ги повикува сите граѓани и политички субјекти да не подлегнуваат на провокации и да останат посветени на спроведувањето фер, слободни и демократски избори. Инцидентот најостро е осуден и од ВМРО-ДПМНЕ. Тој, како што се наведува во соопштението, преставува уште едно грубо и брутално нарушување на изборниот процес. Елвис Бајрам, е повреден во тепачка меѓу две групи во Шуто Оризари. Бајрам по тепачката бил однесен во болницата „8 Септември“ и има повреда на главата.

XS
SM
MD
LG