Достапни линкови

Русија почна да ги испорачува шесте ловци МиГ-29 во Србија


ловци МиГ-29

Русија почна да ги доставува шесте ловци МиГ-29 во Србија, чекор што, според оценките може да ги продлабочи тензиите на релација Исток, Запад на Балканот. Српските медиуми јавија дека вчера биле пренесени два авиона на воениот аеродром Батајница, во близина на Белград. Преостанатите четири авиони треба да пристигнат пред 20 овој месец со цел тие да бидат претставени на парадата по повод Денот на ослободувањето. На пардата треба да присуствува и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу. Се претпоставува дека ремонтот на половните руски ловци, Србија ќе ја чини околу 200 милиони евра.

XS
SM
MD
LG