Достапни линкови

Трамп ќе ги посети Порторико и Лас Вегас


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ги посети двете места кои деновиве беа погодени од трагедии, од ураганот уништениот остров Порторико и градот Лас Вегас каде што се случи најголемото масовно убиство во поновата историја на САД. Трамп се соочува со се поголеми критики во врска со неговото справување со катастрофата што го погоди Порторико каде што поголемиот дел од жителите се без вода за пиење, јадење, струја и телефонски врски. Трамп утре ќе го посети Лас Вегас каде што едно лице со огнено оружје уби најмалку 59 луѓе, додека над 520 се ранети. Трамп, овој настан го оцени како „акт на чисто зло“. Мотивот на напаѓачот кој пукал врз посетители на кантри музички фестивал останува мистерија.

XS
SM
MD
LG