Достапни линкови

Навални се појави на суд во Москва


Русија-опозицискиот лидер Алексеј Навални на суд во Москва,02.10.2017

Рускиот опозиционер Алексеј Навални се појави денеска во судот во Москва на сослушување за обвинувањата дека повторно ја прекршил процедурата за организирање протести и демонстрации. Истакнатиот противник на претседателот Владимир Путин може да биде притворен на 30 дена ако судот одлучи дека тој го прекршил законот. Навални беше уапсен во Москва на 29 септември со што тој бил спречен да учествува на митингот во Нижни Новогород. По десет часовен притвор тој бил ослободен. Навални кој најави дека ќе учествува на претседателските избори во март 2018 година изјави дека ќе продолжи да одржува собири и покрај ваквите пречки од властите.

XS
SM
MD
LG