Достапни линкови

Димитров-идентитетските прашања да се извлечат од преговорите за името


Македонија-прес-конференција на министерот за надворешни работи Никола Димитров,02.10.2017

Идентитетските прашања да се извлечат од процесот на преговорите за името со Грција, со цел да може тој процес на зближување да продолжи и двете држави да имаат разбирање една за друга, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров, на презентација на отчетот за 100-те дена од работата на Министерството за надворешни работи.

Тој посочи дека преговорите не се почнати и дека во моментов се работи на исцртување на контурите на тој процес, на нивната форма, на датумот. Димитров истакна дека постои потреба од надминување на историјата, со цел работите да се придвижат во позитивна насока.

Во врска со можноста за менување на учебниците по историја со цел да се спушти топката во односите со соседите, министерот рече дека е син на татко бегалец од Егејска Македонија

“Не сум историчар, не сакам да одам поконкретно во однос на ова. Ако сакаме да ги отвориме односите, да отвориме поголем простор за соработка не знам зошто би имале страв да видиме каков е историскиот наратив во Грција за нас и каков е наративот кај нас за Грција”, рече Димитров.

Тој ја најави квадрилатерална средба в среда и четврток во Солун на покана на Никос Коѕијас, на која ќе учествуваат и Албанија и Бугарија. На средбата ќе се разговара за безбедносната соработка, прекуграничната соработка, енергетското поврзување и за други актуелни теми. Тој очекува билатерална средба со Коѕијас.

XS
SM
MD
LG